Утрински Весник
Магазин

Ванеса Редгрејв стана почесна дама, женска верзија на витез

Ванеса Редгрејв стана почесна дама, женска верзија на витез

Актерката Ванеса Редгрејв е прогласена за почесна дама, и заедно со неколку други ѕвезди влезе во друштвото на дами и витези одликувани од кралицата Елизабета Втора.

Дама е женски еквивалент на витез што традиционално им се дава на мажи. Дамата е почесна титула и женствен облик на обраќање во многу христијански витешки ордени, како и во британскиот систем на почести.

Прославената ветеранка на театарот и екранот Редгрејв доби признание за заслуги во драмата.

„Бев изненадена и благодарна што ѝ се придружив на оваа чудесна група британски уметници чија работа ме инспирираше мене и публиката ширум светот,“ рече таа.

Британската актерка е една од групата ѕвезди што носат тројна актерска круна – добитник на „Оскар“, „Еми“ и „Тони“ – и, исто така, ја доби и наградата „Оливие“, највисокото признание на Лондонскиот Вест Енд.

Други славни личности што ги одлукува кралицата во рамки на Новогодинешните почести 2022 се актерката Џоан Ламли, презентерката на вести Моира Стјуарт, танчерката Ешли Банџо, актерката Џун Браун.

Кралицата го одликуваше и Даниел Крег, актерот кој го отелотвори британскиот таен агент 007. Тој доби британски рицарски орден за неговиот голем придонес во филмската индустрија.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата