Утрински Весник
Свет

Вакцините доставени во земјите на ЕУ, вакцинацијата почнува утре

Вакцините доставени во земјите на ЕУ, вакцинацијата почнува утре

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека вакцините против Ковид-19 се доставени до сите земји на ЕУ и дека вакцинацијата ќе започне утре.

„Ја вртиме страницата на една тешка година. Денес е ден на испорака, а утре е ден на вакцинација. Вакцинацијата против Ковид-19 почнува низ целата Европска Унија“, рече фон дер Лајен во краткото видео обраќање, објавено на нејзиниот профил на Твитер.

Таа истакна дека вакцината е доставена до сите земји-членки на ЕУ истовремено, и дека луѓето ќе започнат да ја примаат вакцината во Атина, Рим, Хелсинки, Софија – насекаде во Унијата.

„Нашите европски денови на вакцинација се трогателен момент на единство и приказна за успех во ЕУ“, додаде таа.

Фон дер Лајен рече дека наскоро ќе има повеќе вакцини, бидејќи е докажано дека се безбедни и ефикасни. Таа рече дека ЕУ обезбедува дози од вакцините за целото население, како и вакцини на соседите од Европската економска област (ЕЕА) како што се Исланд или Норвешка.

Посочи дека вакцинацијата ќе помогне постепено да се врати животот во нормала, но дотогаш луѓето треба да бидат внимателни да се заштитат себе си и своите најблиски од вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Галант: Ќе продолжиме со силните удари врз Хезболах

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш

Посетата на папата на Белгија во сенка на скандалот со сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници