Утрински Весник
Македонија

Вакцинирани биле 18 проценти од починатите од коронавирус во Македонија за три месеци

Вакцинирани биле 18 проценти од починатите од коронавирус во Македонија за три месеци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 4 ноември.

Според статистиката, во овој период починале 1.688 пациенти со Ковид 19.  Од нив, 1.376,  односно 82 проценти не биле вакцинирани, а 18 проценти, односно 312 примиле вакцина. Починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Во истиот период, на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 28 проценти биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72 проценти од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 проценти, додека 22 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци