Утрински Весник
Свет

Вакцината од Оксфорд покажува резултати, но нема гаранции дека ќе биде готова до крајот на годинава

Русија за годинава планира масовно производство на вакцина против коронавирус
Dik 300x250 mk

Потенцијалната вакцина од универзитетот Оксфорд против коронавирусот може да се појави до крајот на годината, но не е сигурно дека тоа ќе се случи, објави водечката лабораторија за развој на вакцина.

Експерименталната вакцина, лиценцирана од фармацевтската компанија АстраЗенека, покажа дека го активира имунолошкиот систем во раната фаза на клинички испитувања, што остава надеж дека вакцината би можела да биде готова до крајот на годината.

„Можно е вакцината да се излезе до крајот на годината, но апсолутно не можеме да гарантираме дека тоа сигурно ќе се случи затоа што ни требаат три работи“, рече водачот на истражувањето, Сара Гилберт за Би-би-си.

„Вакцината мора да се покаже како ефикасна и во подоцнежните фази на клинички испитувања, треба да се произведат огромни количини и регулаторите треба да се согласат брзо да издадат дозвола за итна употреба“, објасни Гилберт.

„Сето тоа треба да се случи и да се совпадне пред да се вакцинираат голем број луѓе“, посочи таа.

Вчера Би-би-си објави дека вакцината против коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е безбедна и го активира имунолошкиот систем.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици

Тенерифе погодено од џиновски бранови: Три лица загинаа, 15 се повредени