Утрински Весник
Македонија

Вакцината не е причина за состојбата на доктор Ѓорчев кој е во кома во Ниш, вели директорот на нишкиот клинички центар

Вакцината не е причина за состојбата на доктор Ѓорчев кој е во кома во Ниш, вели директорот на нишкиот клинички центар

Директорот на Универзитетскиот клинички центар, Зоран Перишиќ, изјави дека состојбата на 73-годишниот маж од Македонија, кому му се слошило по вакцинацијата во салата „Чаир“ во Ниш, е непроменета и дека тој се’ уште е во кома.

Пратеникот Влатко Ѓорчев вчера соопшти дека станува збор за неговиот татко – докторот, Ангелко Ѓорчев. Пратеникот напиша дека кусо откако неговиот татко ја примил вакцинита, му се слошило и загубил свест.

„Анализите покажаа декa неговата состојба не е последица на вакцината што ја прими“, изјави Перишиќ за агенцијата „Бета“.

Како што рече, лекарите исто така ги елиминирале срцевите проблеми како причина за состојбата, бидејќи е направена коронарна ангиографија и се проверува состојбата на четирите бајпаси што ги имал пациентот од претходно.

 

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, три се под контрола и девет се изгаснати

Трендафилов: Не туркајте не на улица, минималната плата е прашање на живот

Онлајн пазарувањето ги празни трговските центри, трендот расте и во Македонија