Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Фајзер“ пристигна во Британија

Вакцината на „Фајзер“ пристигна во Британија

Првиот контингент на вакцина против коронавирус на американската компанија „Фајзер“ и „Бајонтек“ пристигна во Велика Британија.

Вакцините се однесени во централниот магацин на непозната локација, од каде што ќе бидат дистрибуирани до болничките центри за вакцинација низ Велика Британија, пренесува „Би-би-си“.

Велика Британија ја одобри вакцината во средата и нарача 40 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе.

Вакцините се произведени во Белгија и пристигнати во Британија преку Ла Манш.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија

Хамнеи ги повика разузнавачките служби да се пресметаат со непријателите дома и во странство