Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна против делта-сојот на коронавирус, објави Mинистерството за здравство на Израел

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна  против делта-сојот на коронавирус, објави Mинистерството за здравство на Израел
300x250 opst2

Министерството за здравство на Израел објави дека ефикасноста на вакцината „Фајзер“ е помала против делта-сојот на коронавирус и дека спречува само 64 проценти од заразата, додека заштитата од тешки форми на Ковид-19 останува висока.

Според податоците на министерството, ефикасноста на вакцината „Фајзер / Бионтек“ значително се намали во последните неколку недели, бидејќи се прошири поагресивниот делта-вид на коронавирусот.

Според министерството, ова е случај и со превенција на симптоматски болести, но вакцината сепак многу ефикасно штити од сериозен тек на болеста и хоспитализација, и тоа дури со 93 проценти.

Во февруари, израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на „Фајзер“ спречува Ковид-19 со ефикасност од 95,8 проценти, симптоматска болест во 98 проценти од случаите, додека ефикасноста во однос на спречување хоспитализации и смртни случаи е 99 проценти.

Поради високата стапка на вакцинација, Израел има добри резултати во борбата против коронавирусот и иако е регистриран зголемен број на новозаразени последните две недели како резултат на силно заразниот делта-сој, не е пријавена смрт во истиот период.

Прелиминарните откритија од друга шкотска студија, објавена во списанието „Лансет“ минатиот месец, покажаа дека вакцината на „Фајзер“ обезбедува 79 процентна заштита од делта-сојот, во споредба со 92 проценти на оние предизвикани од алфа-сојот.

Истата студија која ги анализирала податоците за 5,4 милиони луѓе во Шкотска открила дека вакцината на „Астра зенека“ обезбедува 60 проценти заштита од зараза со делта-видот, во споредба со 73 проценти за претходниот доминантен алфа-сој.

Можете да прочитате

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз