Утрински Весник
Свет

Вакцината на „Фајзер“ не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни болести

Вакцината на „Фајзер“ не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни болести
Dik 300x250 mk

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус не го зголемува ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми (срцев удар, мозочен удар, белодробна емболија) кај лица постари од 75 години, според официјално француско истражување.

„Резултатите од оваа студија сугерираат дека вакцинацијата со вакцината ‘фајзер/бионтек’ не е поврзана со зголемен ризик од сериозни кардиоваскуларни проблеми кај луѓе на возраст од 75 години или постари, и по првата и по втората доза“, заклучуваат авторите.

Истражувањето е спроведено од групата Epi-Phare која ги обединува Агенцијата за лекови (АНСМ) и здравствено осигурување (Кнам).

Во студијата земени се предвид сите случаи на хоспитализација пријавени во Франција поради инфаркт, мозочен удар и белодробна емболија помеѓу декември 2020 година и март 2021 година кај пациенти на возраст од 75 години или повеќе, вакцинирани и невакцинирани. Во истражувањето биле вклучени скоро 30.000 луѓе.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија