Утрински Весник
Свет

Вакцината „Астра зенека“ го смени името во „Ваксзервија“

Во среда почнува вакцинацијата со „Астра зенека“ во Македонија, ревакцинирање за три месеци
Dik 300x250 mk

Компанијата „Астра зенека“ го смени името на својата вакцина против коронавирус, која се соочува со недоверба поради забележаните несакани ефекти во одредени земји.

Британско-шведската фармацевтска компанија ја преименуваше својата вакцина против коронавирус, па сега е наречена „ваксзервија“ наместо „вакцина Астра зенека Ковид-19“.

Во соопштението за печатот, компанијата истакна дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да бидат запознаени со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име за вакцината, кое веќе се наоѓа на официјалната веб-страница на Агенцијата.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега