Утрински Весник
Свет

Вакцината Астразенека штити помалку од јужноафриканскиот сој?

Вакцината Астразенека штити помалку од јужноафриканскиот сој?

Прелиминарните податоци за вакцината „Ковидшилд“, изработенa од Универзитетот во Оксфорд и фармацевтската компанија „Астразенека“, покажаа дека таа дава ограничена заштита од послабиот облик на јужноафриканскиот сој на ковид. Меѓутоа од фармацевтската компанија велат дека сè уште не утврдиле дали вакцината штити од појака форма на ковид предизвикана од заразниот сој од Јужна Африка, објави Би-би-си.

Прелиминарните податоци од студијата биле спроведени на нешто повеќе од 2.000 луѓе.Во Велика Британија се откриени над 100 случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид.

Портпарол на Астразенека изјави дека компанијата сè уште не може да утврди дали вакцината може да спречи развој на потешка форма на ковид предизвикана од јужноафриканскиот сој, бидејќи студијата е направена главно на помлади, здрави луѓе. Во исто време, од компанијата велат дека се убедени дека вакцината обезбедува заштита од посериозни случаи, бидејќи создала антитела слични на оние произведени од други вакцини за коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија