Утрински Весник
Спорт

Ваков пресврт немало во НБА лигата – Пораз на Бруклин во Вашингтон

Ваков пресврт немало во НБА лигата – Пораз на Бруклин во Вашингтон

Луди 12 секунди го обележаа натпреварот помеѓу Вашингтон Визардс и Бруклин Нетс. Визардс, против второпласираниот тим на Истокот, ја забележаа четвртата победа во 16 натпревар оваа сезона. Вашингтон победија со 149:146.

Без Џејмс Харден, Бруклин имаа предност од пет поени на 12 секунди до крајот и не успеаја да победат.

Во лудиот финиш најпрвин Бредли Бил постигна тројка, веднаш потоа Визардс ја украдоа топката, па тројка постигна Расел Вестбрук. По тај-аутот, Луваву не успеа да погоди за Бруклин, а Бил со две слободни фрлања го постави конечниот резултат.

Вестбрук мечот го заврши со 41 поен, 10 скока и осум асистенции, Бил забележа 37 поени. На спротивната страна се издвоија Кевин Дурент со 37 поени, Џо Херис со 30 и Кајри Ирвинг со 26 поени и осум асистенции.

Резултати:

Денвер-Јута 128:117
Минесота-Кливленд 109:104
Торонто-Орландо 115:102
Индијана-Филалдлефија 110:119
Њујорк-ЛА Клиперс 115:129



> Ваков пресврт немало во НБА лигата – Пораз на Бруклин во Вашингтон <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство