Утрински Весник
Македонија

БЈБ сака да ја продлабочи соработката со американската Агенција за борба против дрога

БЈБ сака да ја продлабочи соработката со американската Агенција за борба против дрога
Dik 300x250 mk

Во Бирото за jавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи на денеска е остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија.

На средбата, на која присуствувле и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Како што соопштија од МВР, директорот Тасевски ја нагласил досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултирала со неколку успешни меѓународни операции во кои нашето Министерство учествувало како респектиран партнер.

На средбата, било истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи