Утрински Весник
Македонија

Буџетот на општина Гевгелија со задоволителни квартални резултати

Буџетот на општина Гевгелија со задоволителни квартални резултати

Гевгелија, 28 мај 2020 (МИА) – Советот на општина Гевгелија денеска го усвои кварталниот извештај за периодот јануари-март годинава со констатација дека остварените резултати се задоволителни. Од планираните вкупни буџетски средства во висина од 546,8 милиони денари, во првото тримесечие биле реализирани приходи од 120 милиони денари или околу 22 отсто, а во основниот буџет од планираните 233,6 милиони денари биле реализирани приходи од 54,6 милиони денари или 23,4 отсто.

Расходите на општина Гевгелија во отчетниот период изнесуваат 113,8 милиони денари од кои 30,2 милиони денари или 26,6 отсто е капитални расходи.

– Остварувањата на приходите во првото тримесечие од годинава, споредено со истиот период од изминатава година, се подобри особено кога во предвид ќе се земат законските ограничувања при креирањето на буџетската политика во општината. Високата стапка на капиталните приходи ја потврдува развојната компонента на буџетот која се остварува, истакна градоначалникот Сашо Поцков.

Тој потврди дека добрите резултати, иако во помал обем, продолжиле да се остваруваат и во периодот април-мај така што до 26 месецов буџетските приходи изнесуваат 67,8 милиони денари. им/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско