Утрински Весник
Македонија

Буџаку на средба со дебарскиот оперативен штаб

Буџаку на средба со дебарскиот оперативен штаб

Дебар, 14 април 2020 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Агрон Буџаку, попладнево престојуваше во Дебар.

Тој оствари средба со општинскиот Оперативен штаб, на која од страна на градоначалникот Хекурам Дука, кој раководи и со Штабот беше запознат околу работата и сите активности реализирани од страна на општините Дебар и Центар Жупа, во координација со ЦУК, во периодот на кризната сосотојба.

– Констатирано е дека соработката беше многу успешна, што се рефлектира на терен со стабилизација на состојбата. Општинскиот оперативен штаб искажа голема благодарност за придонесот на Буџаку за периодот кога Дебар минуваше низ тешката соостојба созадена од коронавирусот, информираат од оперативниот штаб.

Од таму додаваат дека е искажана заедничка надеж за повторна средба во подобри денови.

Инаку, вчера беше укината кризната состојба во Дебар и Центар Жупа, која беше прогласена на 13 март, кога од 13 регистрирани заболени од „ковид-19“ во државава, дури 11 беа од Дебар, од нив двајца од Центар Жупа.

Веќе единаесети ден нема новодијагностицирани со овој опасен вирус, од кого до сега заразени се 49 лица. Како што денеска информираше министерот за здравство Венко Филипче оздравени се уште 13 лица во Дебар, кои биле на домашно лекување. Со претходно оздравените 16 вкупната бројка се зголеми на 29 лица. За жал починати се четири лица, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа. вт/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ