Утрински Весник
Македонија

Бучковски заминува за Софија

Бучковски: Можеме да најдеме решение за нашата иднина
Dik 300x250 mk

Специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски, денеска ќе пристигне во Софија на разговори со бугарските политичари, јавуваат бугарските медиуми.

Посетата ќе трае неколку дена.

Бучковски беше во Софија на почетокот на декември. Потоа беше примен од министерот за надворешни работи Екатерина Захариева, премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Целта на посетата на Бучковски е враќање на довербата меѓу двете земји и спроведување на Договорот за соседство и пријателство, кој беше потпишан на 1 август 2017 година.

Владо Бучковски беше назначен за специјален претставник на македонската влада за Бугарија на почетокот на декември 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор