Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Буфон прими два гола – Парма зема бод кај Фросиноне

Буфон прими два гола – Парма зема бод кај Фросиноне
Img 7972

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон по цели 20 години повторно е на голот на Парма.

Буфон за „млекарите“ бранеше од 1995 до 2001 година кога прејде во редовите на Јувентус. Кај „Старата дама“ беше се до 2018 година кога направи трансфер во ПСЖ, но по само една сезона повторно се врати во Торино.

Од ова лето е повторно во Парма. Синоќа неговиот старо-нов клуб го одигра првиот меч од новата сезона во Серија Б, нагости кај Фросиноне.

Домаќините поведоа, Парма направи пресврт, но со гол во 89 минута Буфон беше совладан по вторпат за конечни 2-2.

> Буфон прими два гола – Парма зема бод кај Фросиноне <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај