Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Бурата Јунис ја собори Њутновата јаболкница во Кембриџ

Бурата Јунис ја собори Њутновата јаболкница во Кембриџ
300x250 opst2

Ботаничката градина на Универзитетот во Кембриџ ја загуби својата Њутнова јаболкница во бурата Јунис.

Кустосот на градината, Семјуел Брокингтон, вели дека дрвото било засадено во 1954 година и дека стоело на влезот од ботаничката градина Бруксајд цели 68 години.

Тој рече дека дрвото е клон на она што го навело Исак Њутн да ги открие законите на гравитацијата, пишува Би-би-си.

Оригиналното дрво од кое паднало јаболкото, кое го инспирирало Њутн да ја осмисли својата теорија за гравитација, се наоѓа во Вулсторп Манор, во Линколншир. Иако паднало во бура во 19. век, дрвото преживеало и низ годините се размножувало со калемење.

Брокингтон рече дека анализа покажала оти три дрвја во Кембриџ, вклучувајќи го и она во ботаничката градина, се клон на оригиналната јаболкница на Њутн. Иако падот на дрвото во бурата во петокот е тажна загуба, тоа веќе било во критична состојба бидејќи го нападнала габа.

Ботаничката градина веќе е во процес на добивање на потомок на Њутновата јаболкница, со калемење, изјави Брокингтон.

Најмалку девет лица загинаа, многумина од паднати дрвја, во бурата Јунис, која ги погоди Ирска, Велика Британија, Белгија и Холандија, оставајќи околу 400.000 луѓе без струја во Британија.

Можете да прочитате

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи

Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел

Науката потврди: Овошјето ги штити белите дробови од загадениот воздух