Утрински Весник
Свет

Бурата „Бела“ пристигна во Велика Британија

Бурата „Бела“ пристигна во Велика Британија

Бурата „Бела“ носејќи силни дождови и налети на ветер до 112 километри на час, денеска ги погоди Британските острови каде беа издадени неколку предупредувања за невреме.

Предупредувања за поплави беа објавени во Англија, Велс и од страна на Шкотската агенција за животна средина, објави агенцијата ПА.

Претходно, се препорача повеќе од 1.300 жители да ги напуштат своите домови во југоисточна Англија за време на сезоната на празниците, поради приближувањето на бурата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека го освоила градот Купјанск

Бела куќа: Трамп и Венс не се поканети на погребот на Дик Чејни во Вашингтон

СЗО отпушта над 1.200 вработени