Утрински Весник
Спорт

Бунт пред „Емирати“ – навивачите на Арсенал контра американските газди

Бунт пред „Емирати“ – навивачите на Арсенал контра американските газди

Навивачите на Арсенал очигледно им простуваат на своите американски газди за вклученоста во проектот на Европската Суперлига, откако пред вечерашниот меч против Евертон се собраа во огромен број пред „Емирати“ со пароли против Стен Кренке.

Иако вчера, синот на Кренке и член на бордот на клубот, Џош Кренке имаше конференциска врска со групите навивачи, навивачите не простуваат и бараат заминување на американскиот газда. Претходно и навивачите на Челси протестираа поради Суперлигата, како и дел од навивачите на Ливерпул, кои отпатуваа до Лидс за да го искажат своето незадоволство.

Стен Кренке е вклучен во Арсенал од 2008, пред во 2011 година да стане мнозински сопственик на клубот, по што следува драстичен пад на резултатите на „топчиите“, и навивачите подолго време се незадоволни од водството.

Кренке, инаку има богатство од над 8 милијарди долари, а исто така е сопственик на НБА клубот Денвер нагетс, на НХЛ тимот Колорадо аваланш и на МЛС клубот, Колорадо рамс.

> Бунт пред „Емирати“ – навивачите на Арсенал контра американските газди <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ