Утрински Весник
Свет

Бунтовниците убиле 35 луѓе на истокот на Конго

Бунтовниците убиле 35 луѓе на истокот на Конго

Бунтовниците во Конго неделава убиле најмалку 35 лица на истокот на земјата, соопштија властите.

Тела на 29 лица се пронајдени по масовното убиство во националниот парк Вирунга, изјави гувернерот на провинцијата Северен Киву. Засега не е објавено кога се случил тој напад.

Во друг напад, во вторникот, најмалку шест цивили биле убиени во друга област, на територијата на Бени, во истата провинција.

Владата на провинцијата Северен Киву за нападите ја обвини групата Обединети демократски сили, поврзани со екстремистите на Исламската држава.

На истокот на Конго, особено во градот Бени и поширокиот појас, ситуацијата се влошува откако конгоанската армија започна голема операција против вооружената група пред една година.

Бунтовниците од Обединетите демократски сили убија најмалку 86 цивили минатиот месец како одмазда за воените операции, соопшти локална невладина организација. Според ОН, екстремистите од таа група од минатата година убиле над 1.000 цивили.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар