Утрински Весник
Свет

Бундестагот денеска им оддава почит на жртвите на нацизмот

Бундестагот денеска им оддава почит на жртвите на нацизмот

Германскиот Бундестаг денеска им оддава почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот ќе биде оддадено едноминутно молчење за жртвите на нацизмот.

Говор ќе одржи преживеаната од холокаустот Инге Ауербахер, а на свечената седница ќе присуствува, како што e најавeно, и претседателот на израелскиот Кнесет, Мики Леви.

Претседателката на Бундестагот, Бербел Бас, во пресрет на денешната седница истакна дека е застрашувачки како денес се намалува тежината на злосторствата од холокаустот и како тие се користат за политичка пропаганда, пред се на социјалните мрежи.

„На пример, кога радикалните противници на вакцинацијата се нарекуваат себеси ‘Евреи на денешницата’“, подвлече таа.

Бас посочи дека кампањата за комеморација на жртвите на холокаустот треба да покаже дека граѓаните се обединети во спротивставувањето на обидите да се заборави или злоупотреби минатото.

Можете да прочитате

Во Иран приведени 20 осомничени за шпионажа за Мосад

Кина изгради огромни бази во Јужното Кинеско Море

Мнозинството Германци се незадоволни од работењето на Владата