Утрински Весник
Спорт

Бундеслигата ќе изгуби околу 150 милиони евра поради пандемијата

Успешен почеток на новата шема кај судиите во Германија

Берлин, 13 јуни 2020 (МИА) – Германската фудбалска лига ќе изгуби 150 милиони евра според договорот за телевизиско емитување поради пандемијата од коронавирус, пренесе „Кикер“.

Според публикацијата, наместо сума од 1,35 милијарди евра според сегашниот договор со медиумите, 36 клубови од Бундеслигата и Втората Бундеслига ќе можат да сметаат на само 1,2 милијарди евра во сезоната 2020/21 поради пандемијата.

Релевантните писма се испратени од страна на финансиската комисија на Лигата до клубовите во петокот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство