Утрински Весник
Македонија

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија и Скопје, формирана со Договорот за добрососедство.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството потсетуваат дека комисијата постигна договор за светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум и цар Самуил.

Заменик-министерот за надворешни работи, Костадин Којабашев, рече дека ресорот ја охрабрува комисијата да продолжи со напорите за брзо завршување на работата на сите периоди од, како што вели, нашата заедничка историја.

„Објавувањето на предлозите од 2019 година, одобрени од владите на двете земји, е многу важен чекор кон запознавање на јавноста и во Бугарија и во Република Северна Македонија со резултатите од работата на заедничката комисија. Така, според нас, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на уште еден многу важен договор од протоколот, а тоа е – координација на календар на заеднички прослави за периодот 2022 – 2023 година за петте заеднички историски личности“, велат од бугарското МНР, пренесе БНР. бг.

И Македонското МНР вчера ја поздрави работата на Комисијата

Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања и ги поздрави препораките.

Од македонското МНР искоментираа дека работата на Комисијата, односно содржината на којашто таа работи, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од какви било политички влијанија.

Можете да прочитате

Утрово измерени 0 степени во Берово

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола