Утрински Весник
Македонија

Бугарски пратеник Пеевски донира заштитна медицинска облека во земјава

Бугарски пратеник Пеевски донира заштитна медицинска облека во земјава

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Бугарскиот пратеник Делјан Пеевски донираше заштитни облека, очила и медицински материјали, во висина од над 60.000 евра за да им помогне на лекарите во земјава.

-Добротворната организација на пратеникот, кој е најголем донатор во борбата против Ковид-19 во Бугарија, со братски гест излезе надвор од границите на земјата. Пред само неколку недели, Пеевски, кој е член на Движење за права и слободи (ДПС) во бугарското национално собрание, и претходно донираше заштитна облека и материјали за медицинските лица во Северна Македонија, се наведува во денешното соопштение. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Родителите од Кочани бараат дали се направени токсиколошки анализи, ако за 3 дена не добијат одговор ќе протестираат пред Судска медицина

Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница со две столчиња и душек

Скопјанка физички нападната од нејзин колега