Утрински Весник
Македонија

Бугарските медиуми ја расветлија мистеријата за осмиот патник со арапско потекло

Бугарските медиуми ја расветлија мистеријата за осмиот патник со арапско потекло
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шади Науф ал Салех, мистериозното лице со арапско потекло кое се најде на списокот со преживеани од автобуската несреќа што го достави софиската болница, во изјава за бугарските медиуми, кажал дека тој нема ништо со трагичната несреќа, односно дека воопшто не бил патник во автобусот на „Беса транс“, туку само пациент во болницата.

Имено, за Бугарската национална телевизија Салех потврдил дека тој е бугарски државјанин, а во саботата бил примен на трауматолошкиот оддел на болницата „Пирогов“ поради скршеница на раката.

По сè изгледа дека во клиниката по грешка го внеле во списокот со повредени во несреќата на автопатот „Струма“. Инаку, Салех веќе е отпуштен од болница.

Претходно, забуната со името на Салех на болничкиот список за преживеани предизвика многу шпекулации за тоа кој е мистериозниот осми патник кој ја преживеал несреќата.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен