Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Бугарскиот главен јавен обвинител на средба со Љубомир Јовески

Бугарскиот главен јавен обвинител на средба со Љубомир Јовески
Img 7972

Можностите за унапредување на соработката во сите области, а особено во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал беа во фокусот на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со Иван Гешев, Главен јавен обвинител на Република Бугарија.

Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. Во делегацијата која ја предводи Гешев е и Сијка Милева, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Бугарија.

Јовески и Гешев на состанокот ги разгледаа можностите и потребите за евентуална измена на Меморандумот за соработката меѓу двете обвинителства склучен во 2015 година, а дискутираа и за правците за натамошна соработка. Притоа, разменија искуства и разговараа за правните норми во двете земји кои се однесуваат на постапувањето во предмети против сериозен и организиран криминал.

Во рамките на дводневната работна посета на земјава, делегацијата на Јавното обвинителство на Република Бугарија се сретнa и со министерот за правда Бојан Маричиќ, како и со Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму