Утрински Весник
Македонија

Бугарската позиција за Северна Македонија е зачувана, рече Петков кој ќе допатува во Скопје на 18 јануари

Бугарската позиција за Северна Македонија е зачувана, рече Петков кој ќе допатува во Скопје на 18 јануари

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ја посети Македонија на 18 јануари, стана јасно од неговиот говор во Народното собрание како одговор на прашање на Екатерина Захариева од ГЕРБ за време на пратеничките прашања во парламентот.

Захариева го повика да не го нарушува националниот консензус по ова прашање, а тој одговори дека Владата допрва треба да ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите цели.

Позицијата на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Северна Македонија е зачувана, увери Петков.

„Тоа е зачувано со точките, како што направивме во коалицискиот договор и го видоа сите бугарски граѓани. Едноставно се надградуваме со пет посебни комитети за да ги надградиме овие односи – во инфраструктурата, културата, историјата. Имаме целосна координација во Советот на министри и тоа што одиме на разговори на 18 јануари покажува дека добрососедството е главниот принцип во нашите односи со Северна Македонија“, рече Кирил Петков.

Можете да прочитате

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка