Утрински Весник
Свет

Бугарската министерка за надворешни работи позитивна на Ковид-19

Бугарската министерка за надворешни работи позитивна на Ковид-19

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска е позитивна на Ковид-19 во екот на нагло зголемување на бројот на новозаразени, соопшти денеска тамошното Министерство за надворешни работи.

Генчовска, која е вакцинирана со две дози, ќе остане под надзор на лекар, а нејзините должности ќе ги извршува заменик-министерката за надворешни работи Ирена Димитрова, соопшти Министерството без да дава дополнителни детали, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани околу 6.250 нови случаи на Ковид-19, односно за 4.330 повеќе отколку во вторникот, се вели во извештајот на бугарското Министерство за здравство.

Бугарските здравствени власти очекуваат сериозно зголемување на бројот на нови заразени во наредните денови, со оглед на тоа што, од една страна, земјата има најмал број на вакцинирани граѓани во рамки на ЕУ, а од друга страна, поради брзото ширење на сојот омикрон.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати