Утрински Весник
Македонија

Бугарската Влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка за Северна Македонија

Бугарската Влада ја утврди позицијата за преговарачката рамка за Северна Македонија

На вонредна седница, вчера бугарската Влада го утврди ставот на официјална Софија за преговарачките рамки за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ, што треба да бидат разгледани на состанокот на Советот за општи работи на 17 ноември, соопшти владината прес-служба.

„Бугарија е меѓу најсилните застапници на процесот на проширување на Европската унија. Нашата земја ја крена темата високо на агендата на ЕУ за време на нејзиното претседателство со Европскиот совет во 2018 година. Европската перспектива е најсилната мотивација за транзиција кон демократско владеење и пазарна економија на Западен Балкан“, се вели во соопштението од владиниот состанок, пришто не се наведени повеќе детали.

Бугарија на последниот состанок на амбасадорите на ЕУ на 6 ноември се спротвстави на усвојувањето на преговарачката рамка за Сверна Македонија, образложувајќи дека дека не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови. Бугарија има забелешки за неспроведување на Договорот за добрососедство, за историски прашања, но и за македонскиот јазик и идентитет.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Се бара жена во Скопје – Последен пат е видена кај Железничка станица

ВМРО-ДПМНЕ ќе има министер за здравство, меѓу фаворитите Клековски и Андоновска?