Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бугарија ќе набави уште три милиони вакцини

Бугарија ќе набави уште три милиони вакцини
Img 7972

Бугарија ќе нарача дополнителни три милиони вакцини, објавил денеска министерот за здравство Костадин Ангелов на владина седница, пренесува „Танјуг“.

Станува збор за 2.897.694 дози на „Фајзер“ и 460.000 дози на вакцини од„Модерна“, а Ангелов рече дека е можна дополнителна набавка на вакцини по состанокот на Управниот совет формиран од Европската комисија и дополнителниот договор за вакцини склучен меѓу ЕК и производителот„Фајзер“.

„Ова ќе и обезбеди на Бугарија доволно вакцини, така што граѓаните ќе можат да изберат која вакцина ќе ја примат, а целта е да се постигне колективен имунитет“, рече Ангелов.

Премиерот Борисов потсети дека Бугарија досега обезбедила милиони вакцини и дека ќе бидат обезбедени дополнителни средства со цел вакцинацијата да се врши според планот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха

Путин потпиша указ за нова регрутација: 135.000 лица на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани за воена служба

Нетанјаху и Трамп ги почнаа разговарите за прекинот на огнот во Газа