Утрински Весник
Свет

Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради слабиот одѕив

Бугарија се откажа од вакцинацијата според приоритети поради слабиот одѕив

Бугари од сите возрасти, некои на возраст од 20 години, чекаат во долги редици пред болниците откако владата дозволи да се вакцинираат сите граѓани, бидејќи се пријавиле малкумина од приоритетните групи. Помалку од една третина од луѓето од приоритетните групи одлучиле да се вакцинираат.

Бугарската влада затоа објави дека некои болници ќе почнат да ја даваат вакцината на „Астразенека“ на секој што сака.

Одлуката за откажување на списоците со приоритети е донесена откако земјата забележа најниска стапка на вакцинација во Европската Унија, главно поради загриженоста на граѓаните за несакани ефекти и растечката недоверба кон владата и нејзините институции.

Во две одделни истражувања објавени минатата недела од институтите „Галуп“ и „Алфа рисерч“, 48 и 52 проценти од испитаниците изјавиле дека нема да се вакцинираат.

 

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре за да разговараат за Украина

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

Путин: Мировниот план на САД може да биде основа за мир во Украина