Утрински Весник
Свет

Бугарија бара 2-годишно одложување од ЕУ пред да го запре увозот на руска нафта, во спротивно најавува вето

Бугарија бара двегодишно одложување од ЕУ пред да го запре увозот на руска нафта, изјави за БТВ претседателот на Комитетот за енергетика на Националното собрание на Бугарија, Радослав Рибарски.

„Во моментов нема официјален одговор на барањето на Бугарија. Доколку не се добие одложување, Бугарија може да стави вето на заедничката одлука“, рече Рибарски.

Со предложениот нов пакет санкции против Русија, ЕК планира постепено да го стопира увозот на руска нафта до крајот на годинава.

Ројтерс тврди дека Брисел ќе им дозволи на Унгарија, Словачка и Чешка да можат да го сторат тоа од 2024 година, додека, според агенцијата, таков исклучок не е предвиден за Бугарија.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози