Утрински Весник
Магазин

Брус Спрингстин прв изведувач со топ 5 албуми во секоја од последните шест децении

Брус Спрингстин прв изведувач со топ 5 албуми во секоја од последните шест децении
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поп-рок легендата Брус Спрингстин влезе во историјата, додека неговиот последен албум Letter To You се искачи на место број два на топ-листата „Билборд 200“.

Брус, познат по прекарот The Boss, сега е првиот уметник/изведувач кој имал албум на првите пет места на табелата во секоја од последните шест децении, објави „Билборд“ во понеделникот.

Тој првпат влезе во „И Стрит Бенд“ во 1975 година со хитот Born To Run, кој стигна до бројот 3, и имаше најпродавани албуми, честопати неколку, во последниве шест децении.

Letter To You беше најпродаван албум во првата недела од неговото излегување.

Тоа е 20-ти албум на Спрингстин и неговите 12 песни се одраз на неговиот однос со луѓе што ги изгубил со текот на годините, вклучувајќи ги и членовите на „Е Стрит Бенд“ Кларенс Клемонс и Дени Федерици, како и неговиот пријател Џорџ Тис.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо