Утрински Весник
Магазин

Брус Спрингстин не сака автопатен објект во Њу Џерси да го носи неговото име

Брус Спрингстин не сака автопатен објект во Њу Џерси да го носи неговото име
Dik 300x250 mk

Брус Спрингстин ја одби шансата за попатно одморалиште – место за освежување на возачите и патниците на автопат во Њу Џерси – да биде наречена по него, иако други такви објекти ќе носат имиња на селебрити-личности.

71-годишниот рокер, роден во Њу Џерси, е еден од најславните личности на „Гарден Стејт“, но тој очигледно не сака егова слика да биде поставена на попатно одморалише наречено по него, објавија локални медиуми.

Службата за патишта се здружи со Домот на славните во Њу Џерси, за да постави билборди со слики на славни личности како што се Џон Бон Џови, Џејмс Гандолфини и Френк Синатра.

На прашањето зошто Спрингстин не е дел од овој нов потфат, портпаролката на Куќата на славните во Њу Џерси, Наташа Алагарасан, рече: „Брус Спрингстин со почит одби да има објект што ќе го носи неговото име“.

Секое од овие нови попатни одморалишта, кои располагаат со продавници, бензински пумпи и ресторани за брза храна, исто така ќе вклучува и дисплеј направен од Домот на славните во Њу Џерси. На него ќе има и постери дизајнирани од локалниот архитект Мајкл Грејвс.

Можете да прочитате

Слатко од тиква – 24info.mk

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!