Бразил стана втора земја по Соединетите Американски Држави што надмина број од 400.000 лица починати во пандемијата од Ковид-19, додека експертите предупредуваат дека дневниот биланс на жртви може да стане уште повисок поради непочитувањето на епидемиолошките мерки на населението.
Во Бразил, вчера беа регистрирани 3001 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви од почетокот на пандемијата се искачи на 401.186 соопшти министерството за здравство.
Големиот пораст на новозаразени со коронавирус оваа година го доведе болничкиот капацитет во земјата на работ на колапс.
Еден експерт проценил дека бројот на починати во просек може да биде повеќе од 2.000 на ден во наредните месеци.
Во ширењето на заразата предничи сојот на коронавирус П.1 откриен во Бразил, за кој се верува дека е 2,5 пати позаразен од оригиналниот вид на коронавирус. Досега околу 13 проценти од населението во Бразил се вакцинирани со прва доза на вакцина, велат надлежните.