Утрински Весник
Свет

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 83 милиони

Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 83 милиони
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денес во светот бројот на заразени со коронавирус надмина 83 милиони, според веб-страницата на „Ворлдометерс“.

Речиси 59 милиони луѓе закрепнаа од Ковид-19, а нешто повеќе од 1,8 милиони починаа.

Има 22,4 милиони активни случаи (99,5 проценти), додека бројот на лица во сериозна состојба е малку над 106.000 (0,5 проценти).

САД се први по бројот на заболени, бидејќи од почетокот на пандемијата се заразени 20,2 милиони луѓе, следени од Индија со 10,2 милиони, трет е Бразил со 7,6, четврта е Русија со 3,1 милиони, а петта е Франција со 2,6.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во претходните 24 часа во светот надмина 563.000, според податоците со кои располага Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во истиот период е поголем за 11.700, со што надмина 1,78 милиони, се додава во извештајот на СЗО пренесен од ТАСС.

СЗО се води исклучиво од бројките објавени од министерствата за здравство, односно од владите на сите земји во светот.

Од сите заразени во светот во претходните 24 часа, најмногу имало во Европа – 251.900 (44 проценти), потоа во Северна и Јужна Америка (236.000) и Југоисточна Азија (31.467).
Индивидуално, повеќето случаи се во САД – 19.147.627.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп