Утрински Весник
Свет

Бројот на заболени во светот надмина 40 милиони

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Бројот на заразни лица со Ковид-19 во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, според податоците на веб-страницата Worldometer.

Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, додека се опоравиле скоро 30 милиони луѓе – 29.927.866.

Во моментов има 8.971.671 активни случаи во светот, од кои 8.899.700 имаат благи симптоми, а 71.971 се во критична состојба. Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140, во Индија – 7.494.551, во Бразил – 5.224.362 и во Русија 1.399.334.

Од европските земји, најпогодени се Шпанија – 982.723, Франција со 867.197 заболени и Велика Британија со 705.428 заразени со Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени