Утрински Весник
Економија

Бројот на активни деловни субјекти расте, само 0,3 отсто од нив лани имале над 250 вработени

Индексот на бројот на работници во индустријата во март опаднал за 4,5 отсто

Бројот на активните деловни субјекти во нашата земја лани изнесувал 75.914, што е зголемување за 5 отсто во однос на претходната година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 80,7 отсто, или вкупно 61.265 на број, имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјектите со неутврден број вработени (без податок за вработени), кои се вкупно 7.565, односно 10 отсто од вкупниот број на фирми.

На третото место се 3.211 деловни субјекти што вработувале 10 до 19 лица или 4,2 отсто, а потоа следуваат оние со 20 до 49 вработени, чие учество е 2.237 или 2,9 отсто од вкупниот број. Со 1,8 отсто учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени (вкупно 1.404 компании во 2019 година), додека само 232 активни деловни субјекти (0,3 отсто) лани во земјава имале над 250 вработени.

Инаку, според дејноста, најголемо учество во структурата на вкупниот број фирми имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли со 23.140 субјекти или 30,5 отсто и преработувачка индустрија со 8.362 субјекти или 11 отсто.

Најмала застапеност од само 0,3 отсто имаат секторите: снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, рударство и вадење на камен и јавна управа, одбрана и задолжително социјално осигурување.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk