Утрински Весник
Македонија

Брошура со совети за бременост и КОВИД-19

Брошура со совети за бременост и КОВИД-19

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Министерството за здравство во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви брошура наменета за трудници со совети за одржување на нивното здравје и превенција од вирусот КОВИД-19. Брошурата ги советува бремените жени кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат, дали се во поголем ризик од останатите,  дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.

– Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тука има корисни совети за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизација на прегледите на бремените жени за да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и да се обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.

Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките, кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период.

Брошурата за бремени жени и коронавирус е достапна на македонски јазик  и на  албански јазик.

Покрај брошурата, Министерството ги наведува и времените препораки за КОВИД-19 и бременост, на македонски јазик и на албански јазик. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме