Утрински Весник
Свет

Брод со мигранти потона кај грчки остров, неколку од нив се водат како исчезнати

Брод со мигранти потона кај грчки остров, неколку од нив се водат како исчезнати

Дваесет мигранти се спасени, а неколкумина се сметаат за исчезнати при потонување на брод во водите кај грчкиот остров Хиос, недалеку од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Спасените мигранти изјавија дека на бродот имало 27 лица, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, која им пришла на помош во тешки временски услови, со поддршка од брод на НАТО, два хеликоптери и неколку бродови. Хиос е оддалечен само седум километри од турскиот брег.

Според УНХЦР, повеќе од 2.500 луѓе го преминале Егејското Море од Турција оваа година, наспроти 9.700 лица минатата година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа или исчезнаа.

Можете да прочитате

Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови

Шпанијa ги забранува цигарите и на отворено

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв