Управата на Суецкиот канал денеска објави дека привремено е прекинат сообраќајот додека осум влечни бродови два дена се обидуваат да го извлечат џиновскиот брод „Евергрин“ заглавен во јужниот дел на каналот.
„Евергрин“ е брод долг колку што е висока зградата „Емпајер Стејт“, а под знамето на Панама превезувал товар меѓу Азија и Европа. Тој во вторникот се заглави дијагонално во тесениот, вештачки канал што ја дели континентална Африка од Синајскиот Полуостров, откако изгубил контрола поради силениот ветер и прашина, соопшти Управата на каналот (СЦА), а пренесува Си-ен-ен.
Сега го блокира транзитот во двете насоки преку еден од најпрометните канали за транспорт во светот.
Компанијата за поморски услуги ГАЦ издаде соопштение за јавноста во кое се наведува дека напорите за извлекување на бродот продолжуваат, но дека ветрот и габаритноста на бродот ја компликуваат ситуацијата.
И покрај повеќечасовните напори за изблекување ГПС сигналот на бродот покажува само мали промени во неговата позиција во текот на последните 24 часа.
Десетици бродови, вклучително и други големи бродови со контејнери, танкери за нафта и гас и бродови што носат жито, чекаат на двата краја на каналот, создавајќи поморски застој невиден со години.
Јапонскиот сопственик на огромниот „Евергрин“ денес се извини за инцидентот што ја наруши глобалната пловидба.
Шои Кисен се извини за огромната загриженост која инцидентот ја предизвика кај екипажите на другите бродови и нивните сопственици, пренесува АП.
Тој додаде дека со неговата компанија и локалните власти неуморно работат да го „ослободат“ бродот, но како што вели, операцијата засега е исклучително тешка.