Утрински Весник
Свет

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но кажа дека нема да дојде до насилен преврат и анархија.

Брнабиќ порача дека ќе се сочува демократскиот поредок и стабилноста во земјата. Оцени дека насилните протести без сомнеж нанеле голема штета на претстојните разговори за Косово.

Според Брнабиќ, единствена цел на протестите е да се ослабне Србија и нејзината позиција пред разговорите за Косово. Укажа дека оваа атмосфера е направена со поддршка на различни медиуми, политичари, но и странски фактор.

Таа повтори дека протестот нема врска со коронавирусот, затоа што мерките сè уште не се воведени.

Оцени дека зад насилството стои најлош вид на десница и ги отфрли критиките од Европа за наводна прекумерна сила од страна на полицијата.

„Полицијата се обиде да ги зачува мирот и стабилноста и реагираше дури кога дојде до упад во собранието“, рече Брнабиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон ги обвини САД дека ги напуштаат своите сојузници и не ги почитуваат меѓународните правила

Сенатот на САД започна постапка за забрана на нови воени акции против Венецуела без одобрение од Конгресот

Русија: Запленувањето на танкерот од страна на САД е грубо кршење на фундаменталните принципи