Утрински Весник
Македонија

Бркотница помеѓу полицијата и автомобил во бегство заврши со сообраќајна несреќа

„Југо“ удри во бетонска ограда и се преврте во Ѓорче Петров, тројца повредени

Доцна синоќа на улицата Бутелска, во скопската населба Радишани, се случи сообраќајна незгода помеѓу возило во сопственост на МВР со двајца полициски службеници и автомобил во кој биле М.Т.(19) и И.Х.(18) од Скопје.

Двајцата скопјани бегале од полициската екипа која ги бркала поради нарушување на јавнот ред и мир.

Во незгодата полициските службеници и едниот од момчињата се здобиле со телесни повреди.

Претходно, била добиена пријава дека на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајцата скопјани кои бегале од полицијата од една страна,  и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје, од друга страна.

Сите учесници го напуштиле местото на настанот.

Подоцна од полициски службеници било запрено возилото на другата група, и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадиновска Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

Започна отстранувањето на терасите во Трговскиот центар во Кочани