Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Бритни Спирс ја обвини мајка си дека ѝ го уништила животот

Бритни Спирс ја обвини мајка си дека ѝ го уништила животот
300x250 opst2

Бритни Спирс ја обвинува мајка си за конзерваторскиот надзор воспоставен од страна на судот пред 13 години.

Таткото на поп ѕвездата, Џејми Спирс, го имаше главниот збор за нејзините лични и финансиски работи. Но, во најновата објава на социјалните мрежи, пејачката тврди дека тоа било идеја на мајка ѝ, Лин.

„Она што луѓето не го знаат е дека мајка ми е таа што му ја дала идејата“, рече таа. „Никогаш нема да ги вратам тие години… таа тајно ми го уништи животот“.

Во сега веќе избришаната објава на Инстаграм, Бритни продолжи: „Точно знаеш што направи. Татко ми не е доволно паметен за некогаш да помисли на конзерваторство, но вечерва ќе се насмеам знаејќи дека има нов живот пред мене“.

Според некои медиуми, објавата на Бритни се чини дека е поттикната од таткото Џејми, кој побара итен и безусловен прекин на конзерваторскиот надзор.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои тешко примаат комплименти

Од електроника до поп, од поезија до трап – современиот звук на ПМГ Рекордингс фестивал 14

Речиси сите срцеви и мозочни удари се поврзани со овие четири фактори на ризик