Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс поканета во Конгресот да ја сподели приказната за спорното старателство

Бритни Спирс поканета во Конгресот да ја сподели приказната за спорното старателство

Бритни Спирс е поканета во Конгресот да сподели како постигнала правда со укинувањето на т.н. конзерваторски надзор.

40-годишната поп икона доби писмо од двајца членови на Конгресот во САД во кое ѝ честитаат за историската победа, откако таа и нејзиниот адвокат Метју Розенгарт минатиот ноември успешно го прекинаа 13-годишниот надзор над нејзиниот живот.

Бритни го сподели писмото на својот Инстаграм-профил и призна дека била поласкана во моментот на добивањето на писмото од Вашингтон, но тогаш уште била во фаза на заздравување.

Таа ветува дека ќе им помогне на другите во „ранливи ситуации да се справат со животните предизвици и да бидат храбри“.

Покрај копија од писмото, Бритни напиша: „Веднаш бев поласкана, во тоа време не бев ни приближно во фаза на заздравување во која сум сега. Благодарна сум што мојата приказна е призната!!! Поради ова писмо, се чувствував слушната и како да сум важна за прв пат во мојот живот.“

Можете да прочитате

Повеќето луѓе доживуваат страсна љубов двапати во животот

Уапсен хакер кој резервирал престој во луксузни хотели за еден цент

Пакомак го отвори пријавувањето за конкурсот Trash for Art 2026