Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс под истрага за наводно удирање на вработена

Бритни Спирс под истрага за наводно удирање на вработена
Dik 300x250 mk

Поп-sвездата Бритни Спирс е под истрага откако жена вработена во нејзиниот дом се пожалила дека пејачката ја удрила, соопштија службеници за спроведување на законот во Калифорнија.

Жената ги изнела наводите по расправија во домот на Спирс во понеделникот.

Полициски капетан во округот Вентура, Ерик Башоу, изјави дека 39-годишната пејачка е осомничена во истрагата откако нејзината домаќинка пријавила дека пејачката ја удрила за време на расправија. Башоу за магазинот „Пипл“ рече: „Наодите од истрагата ќе бидат проследени до канцеларијата на обвинителот. Тоа е истрага за полесен прекршок.“

Адвокатот на пејачката ги отфрли обвинувањата на домаќинката на Бритни, нарекувајќи ги „надуени“.

Извор близок до Бритни тврди дека извештајот не е точен.

“Домаќинката го држеше нејзиниот телефон, а Бритни се обиде да ѝ го земе од раце. Таа не удри никого,“ рече инсајдерот.

Според претходни извештаи во медиумите, наводната расправија се случила откако вработената го однела кучето на Бритни на ветеринар и тие се расправале за кучето, но засега ниедна страна не ги потврдила спецификите на инцидентот.

Можете да прочитате

Ретроградниот Меркур веќе ги покоси овие 4 знаци: Штом ќе започне хаосот и конфликтот, треба да го направите следново

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд