Бритни Спирс го прекина својот молк за контроверзниот документарец Framing Britney Spears и предупреди дека постои „вистинска личност што живее зад објективот“.
Пејачката (39) им се обрати на загрижените фанови откако новиот документарец уште еднаш ја стави во центарот на вниманието нејзината судска битка со татко ѝ Џејми Сприс за отстранување на трајното старателство.
Мајката на две деца се огласи на Твитер во вторникот за да ги потсети луѓето дека тие често се посложени отколку што изгледа, истовремено признавајќи дека сега се обидува да „научи“ и да биде „нормална личност“.
„Запомнете, без оглед на тоа што мислиме дека знаеме за животот на една личност, тоа не е ништо во споредба со вистинската личност што живее зад објективот“, напиша Бритни во твитот.
„Јас секогаш ќе сакам да бидам на сцена …. но, одвојувам време да научам и да бидам нормална личност. Сакам едноставно да уживам во основите на секојдневниот живот!”