Утрински Весник
Македонија

Британци со стаклени шишиња се тепале пред локал во Скопје

Во Полициската станица Центар вчера напладне В.С. (37) од Велика Британија пријавил дека во раните утрински часови, околу 3>30, пред угостителски објект на скопската улица Св. Кирил и Методиј, тој и неговите четворица пријатели биле физички нападнати од четири лица.

Според пријавата, напаѓачите биле исто така од Велика Британија, при што еден од нив со стаклен предмет му нанел повреда на раката.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје