Утрински Весник
Свет

Британците можат да одат на одмор во странство од 10 јули

Британците можат да одат на одмор во странство од 10 јули
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британската влада донесе одлука да го укине задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои се враќаат од патувања од ризични земји од 10 јули.

Ова важи за сите оние кои доаѓаат од една од 50-те земји кои се обележани како ризични поради коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Според таа одлука, милиони Британци можат без рестрикции да се упатат кон популарните европски летни дестинации за да го поминат својот годишен одмор.

„Патување без ограничувања ќе биде дозволено во 50 или повеќе земји, а денешните одлуки се чекор кон целосно отворање на нашата славна нација“, рече британскиот министер за транспорт Грент Шапс.

Сепак, премиерот Борис Џонсон апелираше до Британците да бидат внимателни и во иднина и да го почитуваат правилото на физичка дистанца.

Текстот Британците можат да одат на одмор во странство од 10 јули е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Трамп во порака на Truth Social порача дека  водителот Стивен Колберт  „треба да биде успиен“

„Како Амазон, ама со луѓе“ – Трамп со нов план за масовна депортација