Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Британците во „деликатни“ преговори за финалето на ЛШ да се игра на „Вембли“

Британците во „деликатни“ преговори за финалето на ЛШ да се игра на „Вембли“
300x250 opst2

Мајкл Гоув, пратеникот од владеачката Конзервативна партија, потврди дека британската влада е вклучена во „деликатни преговори“ за преселба на финалето на Лигата на шампиони од Истанбул на „Вембли“ во Лондон.

Манчестер сити и Челси треба да играат на „Ататурк олимпискиот стадион“ во Истанбул на 29 мај, и иако за двата клуба има обезбедено по 4.000 билети, тешко дека некој ќе се реши да отпатува поради тоа што Турција е на „црвената листа“ и при враќање во Британија ќе мора да одат во двонеделен карантин.

„Мојот син е фан на Челси и би сакал да го види мечот во Велика Британија. Во моментов има деликатни преговори. Мојот пријател, министерот за култура, Оливер Дауден преговара за тоа и не сакам да прејудицирам, но сите фанови во Велика Британија би сакале домашно финале“, изјави Гоув за „Скај њуз“.

Претходно, министерот за транспорт, Грент Шапс потврди дека УЕФА ќе го има последниот збор за финалето и потсети дека земјите на „црвената листа“ не треба да се посетуваат освен за „посебни потреби“.

Во Англија се тврди дека ЕФЛ веќе го поместило плејофот за влез во Чемпионшип од 29 мај за да може да се организира финалето на ЛШ.

> Британците во „деликатни“ преговори за финалето на ЛШ да се игра на „Вембли“ <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути